Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

t

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која ја укина како неуставна и незаконска спорната Одлука за урбанистичко планирање донесена од Советот на Општина Тетово во јуни 2024 година. Одлуката на Судот следи по иницијатива поднесена пред една година од страна на Даријан Сотировски.

​Крај за паралелниот систем и урбанистичките злоупотреби

​Според иницијаторот Сотировски, оваа судска одлука претставува значајна победа која става крај на обидите за воспоставување паралелен систем за урбанистичко планирање во Тетово, кој бил во директна спротивност со државните закони.

​Со укинувањето на општинската одлука (Одлука за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела) се спречуваат низа нерегуларности на терен, меѓу кои:

​Градежни линии „од око“: Се укинува можноста за утврдување и менување на градежната линија само со записник на лице место.

​Лажни куќи со 8 станови: Се спречува градењето на објекти со мала површина (420 м2) кои се водат како намена А1 (станбени куќи), а во реалноста имаат дури 8 станбени единици, со што се изигруваа правилата за градење згради (намена А2).

​Диви поткровја и висини: Се оневозможува пренамената на просторот под покривната конструкција во станбен простор спротивно на важечкиот Детален урбанистички план (ДУП), како и дерогирањето на утврдените висини на градење.
​Недозволена намена: Се спречува дозволување на комерцијална намена (Б1) во станбени објекти (А1) кога тоа не е предвидено со урбанистичкиот план.

​Злоупотреба на заедниците: Се оневозможува оживување и злоупотреба на станбените заедници кои постоеле во минатото.
​„Советот на Општината не може да глуми Собрание“

​Сотировски нагласува дека со оваа интервенција на Уставниот суд се оневозможува примената на подзаконски акти спротивни на законот и се спречува Советот на Општина Тетово да ја презема улогата на републичкото Собрание носејќи одлуки кои заменуваат закони.

​Во своето обраќање до јавноста, тој упати и остри критики до локалните политичари поради нивниот молк пред урбанистичкиот хаос:

​„Како граѓани можеме со мали чекори секојдневно да му служиме на јавното добро. Советниците и пратениците кои се платени и избрани не само да му служат, туку и да се борат за јавното добро, нека продолжат да молчат и да ги одобруваат глупостите кои секојдневно го уништуваат Тетово. А, да, одвреме-навреме нека продолжат да објавуваат слики со градоначалникот Билал Касами“, порача Сотировски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…