Разговараа Путин и Џонсон: Што ќе се случува во Украина?

Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Борис Џонсон телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и безбедносните гаранции кои Русија ги бара за себе, соопшти Кремљ.
Беше спроведена прилично детална размена на мислења во контекст на внатрешната криза во Украина и ситуацијата во врска со обезбедувањето долгорочни правни гаранции за безбедноста на Русија“, се вели во соопштението.
Во разговорот со Џонсон, Путин укажа на неподготвеноста на НАТО адекватно да одговори на загриженоста на Русија.
„Нагласена е неподготвеноста на НАТО да одговори адекватно на оправданите руски грижи, криејќи се зад повиците за таканаречената политика на „отворени врати“ на Алијансата, која е во спротивност со основните принципи на неделива безбедност“, се вели во соопштението.
Рускиот лидер го привлече вниманието на Џонсон на фактот дека Киев хронично ги саботира договорите од Минск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…
Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…
Цената на обновата на Украина од руската…
Нов исклучок за Украина: Првпат ММФ ѝ…
Украина ќе добие финансиска поддршка (кредит) од…
Зеленски со зборовите на Путин: Ќе возвратиме…
Украина ќе возврати на сите руски напади,…