Објавено на:

Разрешена директорката на албанската Национална агенција за ветеринарство: Обвинителството ќе ја истражува ненавремената реакција за птичјиот грип

t

Разрешена е директорката на Националната агенција за ветеринарство на Албанија, Тана Кика, поради ” ненавремено превземени мерки за откривање на птичјиот грип”.

Во исто време Обвинителството во Драч почна истрага во врска со последните случувања со болеста кај живината.

Иако пред две недели било сигнализирано дека има појава на угинување на живина во фарми во Драч, потврда дека станува за птичји грип е соопштена вчера попладне, откако здружението на потрошувачи и локални производители обвинија за негрижа и неодговорност на надлежните.

Од здружението денеска побараа одговорност и од Агенцијата за храна бидејќи дозволила продажба на живина во овој период.

Последните информации говорат дека угинати се над 300 илјади кокошки. Дополнителен скандал, за кој Министерството за земјоделство најави брзо решение, е фактот што угинатата живина се чува во кругот на фирмите, бидејќи не добиле локација за уништување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врие и во Албанија: Опозицијата обвини дека…

Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета,…

Рама им се пожали на ОН за…

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието…

Рама во ОН побара признавање на независноста…

Рама во ОН повика на признавање на…

Рама ја демантира Владата: Македонија и Црна…

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојува во…

Албанското обвинителство забрани објавување на информации во…

Обвинителството на Тирана почна истрага околу кибер…