Објавено на:

Ракометарите пристигнаа на ЕП – може ли Македонија да изненади!?

t

Македонските ракометари пристигнаа во Диселдорф, Германија каде од 10. јануари го почнуваат настапот на Европското првенство.

Македонската ракометна експедиција од денеска е во Германија. Веднаш по пристигнувањето момците на Кире Лазаров влегоа во сала за да одработат првиот тренинг.

Македонија на 10. јануари од 18 часот ќе го почне настапот на Европското првенство, противник ни е селекцијата на Франција.

Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион во Диселдорф кој ќе биде прилагоден за ракометни натпревари.

Покрај Франција во нашата група се уште и селекциите на Германија и Швајцарија. Мечевите против нив ќе ги играме во Берлин. Пред нас се тешки натпревари, но ова е спорт, па така и ние се надеваме на победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…