Објавено на:

Рама: Имаме највисоки цени на гориво во регионот

t

Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.

– Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката на опозициската Демократска партија, Јорида Табаку, на денешната пленарна седница на парламентот.

Тој при тоа како пример го посочи падот на владата во Бугарија.

– Тука ќе дојде ден кога нема да биде во прашање колку чини туку каде да се најде енергија, нафта и храна. Со тоа денес се соочува Европа. Вчера падна владата во Бугарија. Тие што ја паднаа велат има две причини, заложништво од владата и второ бидејќи Бугарија нема пари, рече Рама.

Оцени дека состојбата насекаде е драматична и и порача на опозицијата ” доколку сакате да прави политика нема проблем, но ако сакате да придонесете со добри идеи со задоволство ќе ги прифатиме”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врие и во Албанија: Опозицијата обвини дека…

Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета,…

Рама им се пожали на ОН за…

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието…

Рама во ОН побара признавање на независноста…

Рама во ОН повика на признавање на…

Рама ја демантира Владата: Македонија и Црна…

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојува во…

Албанското обвинителство забрани објавување на информации во…

Обвинителството на Тирана почна истрага околу кибер…