Објавено на:

Рама потврди: Албанија ќе бара одвојување од Македонија за почеток на преговори со ЕУ – Не можеме веќе да го чекаме соседот да си ги решава личните проблеми

t

Албанија ќе бара одвојување од Македонија од заедничкиот „пакет“ за почеток на преговори со ЕУ. Ова го потврди лично албанскиот премиер Еди Рама.

– Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот, рече Рама и додаде дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го тргне ветото кое го стави на почетокот на официјалните преговори за пристапување на земјава кон ЕУ во 2020 година

– Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување во Унијата одвоено од соседна Северна Македонија, која сè уште се соочува со бугарско вето, изјави во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама, а пренесе Ројтерс

Рама во своето обраќање рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го тргне ветото кое го стави на почетокот на официјалните преговори за пристапување на земјава кон ЕУ во 2020 година, тврдејќи оти не е почитуван договорот за пријателство од 2017 година.

Бидејќи кандидатурите на двете земји се поврзани и започнувањето на пристапните преговори бара едногласно одобрување од земјите на ЕУ, ветото, исто така, ја спречи Албанија да оди напред.

– Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот, изјави тој  додавајќи дека Албанија има добри односи со двете земји.

Според него албанскиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени.

Рама овие коментари ги даде при претставувањето на резултатите од националната анкета со повеќе од половина милион испитаници, која покажа дека 67 отсто од граѓаните сакаат патот на членството на двете земји да се одвои.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела рече дека разговорите за пристапот на Албанија и Северна Македонија во ЕУ мора да започнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешни влијанија.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца се од Македонија: 19 aлбански репрезентативци…

Кога ќе се погледнат личните карти на…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето…

Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди…

Васил Стерјовски се сретна со Македонците во…

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија,…

Во Албанија одземен нелегално стекнат имот во…

Албанската полициска статистика потврдува дека само во…