Ран снег и ладно време во октомври: Зошто оваа година зимата почна порано од очекуваното?
Граѓаните изненадени од раниот снег и пораната грејна сезона. Анализа за причините зад невообичаено ладното време и обилните снежни врнежи во октомври на Балканот.
Граѓаните оваа година се изненадени од раното доаѓање на ладното време и снегот, како и од порано започнатата грејна сезона. За да објаснам зошто октомври ни донесе невообичаено ниски температури и снежни врнежи, направив анализа на временските услови што ја предизвикаа оваа појава.
Веќе неколку дена над североисточна и источна Европа се задржува антициклон – област со висок воздушен притисок која носи стабилно и суво време. Овој антициклон условува спуштање на многу ладен воздух од север кон нашите простори, што е невообичаено за почетокот на октомври.
Кога ладниот воздух ќе стигне до Средоземјето, се формира и циклонски систем (област со низок воздушен притисок), кој, заради големата влажност во регионот, предизвика обилни снежни врнежи. Балканскиот регион, освен на планините, беше погоден и со снег на пониските места.
Посебно силни снежни врнежи имаше на планините во Црна Гора и Србија, каде локално наврна повеќе од половина метар снег. Ова создаде проблеми во регионот, како да сме во средина на зимата. Иако ова е редок феномен кога зимата започнува толку рано, вакви појави биле забележани и во минатото, за време на особено студени и снежни зими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…