Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава

t

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан.

Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосно документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан…

Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ…

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша…

Приведен 50-годишник, пијан пешачел по автопатот Гостивар–Тетово

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се…

Јанчев: Медицински тим и амбулантно возило ќе…

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека,…

Два нови пожари во Кавадаречко

Денеска пожарот кој изби во близина на…