Јанчев: Медицински тим и амбулантно возило ќе бидат на располагање во Дреново
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека, во координација со Итната медицинска помош, во селото Дреново ќе биде обезбедено амбулантно возило со медицински тим додека трае справувањето со пожарот кај селото Раец.
Според објавата на Јанчев, мерката е преземена поради густиот чад и силниот мирис што се шират од пожарот, со цел навремено да им се укаже медицинска помош на жителите кои ќе почувствуваат здравствени тегоби или ќе имаат потреба од преглед.
Тој апелираше до граѓаните да останат смирени, да ги почитуваат препораките на надлежните служби и, доколку почувствуваат отежнато дишење, вртоглавица или други симптоми, да се обратат кај медицинскиот тим кој ќе биде на располагање во селото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…