Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова
Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по 23-годишната Ива Михајлова од Кочани, по барање на Основниот суд Кочани.
Според информациите објавени од МВР, Михајлова се бара за кривични дела по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Потерницата следува откако било утврдено дека таа ја напуштила државата без да биде евидентирана на ниту еден официјален граничен премин. Проверките во системот за гранична контрола покажале дека за Михајлова нема регистриран излез од Македонија.
Во моментот на нејзиното заминување биле во сила судски мерки со кои ѝ било ограничено напуштањето на местото на живеење и преминувањето на државната граница.
По добивањето на судската наредба, МВР ја започнало постапката за нејзино пронаоѓање и лишување од слобода, а полицијата продолжува со активности во соработка со меѓународните партнерски служби.
Меѓународна потерница е распишана и по нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој се бара за издржување затворска казна од 12 години и шест месеци за кривични дела по членовите 394, 386 и 123 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…
(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…
Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…