Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот е 24-годишен Полјак

t

Бројот на загинати во вооружениот напад што се случи попладнево на главниот плоштад во полскиот град Краков се искачи на шест. Меѓу загинатите има четири жени и двајца мажи, а уште 15 луѓе се повредени, објави „Ројтерс“.

Полицијата го застрелала и го уапсила 24-годишниот осомничен.

Според полицијата, напаѓачот отворил оган врз случајни минувачи од автомобил, а во престрелката што следела биле повредени и двајца полицајци. Едниот од нив е во тешка состојба, со три прострелни рани, и бил опериран.

Осомничениот е полски државјанин, кој носел воена облека и користел автоматска пушка АР-15. Во неговото возило биле пронајдени и големо количество оружје и муниција. Полицијата соопшти дека мажот имал дозвола за поседување огнено оружје, но засега не го открива мотивот за нападот.

Првите пријави за пукањето пристигнале околу 15 часот, кога напаѓачот со автомобил се приближил до плоштадот и почнал да пука кон луѓето. Според очевидци, тој продолжил да вози додека пукал.

„Видов како се пука од прозорецот на возачката страна, а од автомобилот излегуваше чад. Истрчав до полициската станица на главниот плоштад. Кога влетав внатре, видов дека просторијата е полна со луѓе кои се кријат на подот“, изјавил очевидецот Конрад.

Друг очевидец, 67-годишниот Јулек, изјавил дека видел како темен автомобил ненадејно се појавил на плоштадот, по што возачот почнал да пука кон група луѓе.

„Да бевме таму две минути порано, можеби и ние ќе бевме застрелани“, рекол тој.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека редовно добива информации за нападот, а подоцна тргнал од Варшава кон Краков. Претседателот Карол Навроцки изрази сочувство до семејствата на загинатите и на повредените.

„Полицајците во Краков интервенираа ризикувајќи ги сопствените животи. Реагираа веднаш и благодарение на нивната храброст, напаѓачот беше брзо приведен“, рече министерот за внатрешни работи, Марчин Кјервински.

Меѓу повредените има и португалска државјанка, која е хоспитализирана, соопшти португалското Министерство за надворешни работи.

Нападот предизвика реакции и од европските лидери. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени нападот како „шокантен“.

„Во име на украинскиот народ и лично, изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите“, напиша тој на Икс.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас изјави дека станува збор за „трагедија чии последици ќе се почувствуваат многу подалеку од Полска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Туск подготвен за средба со полскиот претседател…

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…

Европската комисија застана зад Туск: Бара од…

Европската комисија застана на страната на полскиот…