Расте бројот на милионери во светот

t

Во својот последен годишен извештај, швајцарската банка УБС открива дека има мало намалување на глобалната нееднаквост во богатството, при што уделот на богатството што го поседуваат 1 процент од најбогатите во светот падна на 44,5 отсто во 2022 година, од 45,6 отсто во 2021 година. Имено, бројот на милионерите во американски долари ширум светот се намалил за 3,5 милиони во 2022 година, на 59,4 милиони (врз основа на глобалното богатство).

Оваа бројка не ги зема предвид 4,4 милиони „милионери со инфлација“ кои повеќе не би биле подобни доколку овој праг на богатство бил прилагоден за инфлацијата во 2022 година.

„Додека инфлацијата овој век ја еродира вистинската вредност на богатството (и им олесни на луѓето да станат милионери во долари), тоа не ја наруши многу споредбата на растот на богатството од година во година, барем не до неодамна“, пишуваат од УБС.

Бројот на милионери од американски долари нагло се зголемил од почетокот на 21 век. Во 2000 година, во светот имало 14,7 милиони милионери, што е четирикратно зголемување за дваесет години (300 проценти).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат…

Современите кредитни односи се организирани на тој…

Интересни статистики – КИНА ИМА ДВА МИЛОНИ!…

Твитер профилот "World of statistics" објави податоци…