Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини и разлики помеѓу половите

t

Бројот на починати во државата во изминатата година е зголемен за 0,1 отсто споредено со претходната година. Податоците од Државниот завод за статистика откриваат дека болестите на циркулаторниот систем се најчестата причина за смрт, присутна во над една третина од сите смртни случаи.

Мажите умираат почесто и во просек живеат пократко – нивната просечна возраст на смрт е 71,9 години, што е за 4,9 години помалку од жените, кај кои просечната старост на смрт изнесува 76,8 години.

Најмногу смртни случаи се регистрирани во месец јануари (2 010 случаи), додека најмалку во април (1 518 случаи). Вкупниот број на починати лица е 20 201, од кои 52,5 отсто се мажи (10 604), а 47,5 отсто жени (9 597).

Во однос на најмладите, починати се 47 доенчиња, што претставува 0,2 проценти од сите смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…

Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…

ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Иран повтори дека планира да наплаќа за…

Иран има намера да им наплаќа такси…

Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…

Ако надвор е 39 степени, клима уредите…