Раст на цените на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата денеска скокнаа на 112 долари за барел поради загриженоста за снабдувањето, откако ЕУ ги соопшти новите пакет санкции кон Русија, вклучувајќи го и ембаргото на нафта, а водечките производители повторно ги отфрлија повиците за забрзано зголемување на производството.

Цената на барелот на лондонската берза денеска скокна за 1,59 долари во однос на претходното затворање, на 111,73 долари.


На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по цена повисока за 1,30 долари, од 109,11 долари.

Пазарите се загрижени поради предлогот на ЕУ за нови санкции кон Русија, вклучително и постепено укинување на увозот на нафта и деривати во рок од шест месеци, до крајот на годината. Предложена е и забрана за сите транспортни и осигурителни услуги за транспорт на руска нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија има каде да продаде: Путин ја…

Русија ја пренасочува трговијата и извозот на…

Конечно: Утрово драстичен пад на цените на…

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава…

Портпаролката на Бајден: Ги финализираме детали за…

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во…

Добри вести: Падна цената на нафтата на…

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 118 долари…

НЕМА КРАЈ: Цената на нафтата на светските…

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава…