Рашковски најавува холивудски судски процес

t

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, седна на обвинителна клупа. Рашковски е обвинет дека перел пари и дека ја злоупотребил должноста. Но, судењето се одложи за еден месец, зашто отсуствуваше една обвинета, а и поради тоа што дел од предметот е во Апеалциониот суд поради жалбени постапки. Рашковски тврди дека Обвинителството му фабрикувало пораки. Според него, тие биле напишани на „Word“ документ на компјутер, од страна на обвинителството, а не од неговиот телефон.

Доказ вели Рашковски е што 43 пораки се испишани во една секунда. Рашковски се обиде да даде објаснување и за уплатите на пари на неговата сметка – според него не станувало збор за пари добиени преку кривични дела, туку пари кои ги добивал поради службени патувања, а му биле исплаќани во кеш, па тој ги уплаќал на кредитна картичка.

„Сите знаеме дека во 2015 јас не сум бил ни функционер. Не може средства од 2015 да потекнуваат од кривично дело од 2019. Не треба ни да сте правник. Едноставно, Холивуд да го режира ова не може така да го нарпави“, вели Рашковски.

Обвинителката Ивана Трајчева го негира Рашковски.

„Во овој предмет ништо не се разликува од постапувањето во други предмети, а за кои предмети веќе има правосилни судски одлуки, вклучувајќи и предмети коишто се познати на јавноста, како „Рекет“ и како „27 април“, рече Трајчева.

Алсат лани известуваше за планот на Рашковски – да гради вила во викенд населбата Побожје. Сопственици на плацот на кој е планирано да се гради вила од 800 метри квадрати се двете негови малолетни деца. За ова, Рашковски тврди дека плацот е купен со пари кој ги имал во времето кога бил професор на Правниот Факултет.

„Првин не постои збор хациенда – Вила. – Како и да е, туку станува збор за имот, на којшто, можеби во иднина, дај боже, би се градело нешто. Но, тоа сигурно нема да биде со средства коишто се стекнати на незаконит начин… Не постои разлика, освен кај подароците кај моите две деца прибрани од родендени, кршевки, мекици итн прослави. Друг податок за зголемување на имотот не постои“, тврди Рашковски.

Рашковски во кривичниот суд ќе треба повторно да се појави на 24 февруари. На него му се суди за набавката на софтвер за мерење на брзина на патиштата кој самиот тој го креирал и го набавил за потребите на МВР, иако полицијата немала потреба од тоа. Исто така, според обвинението, Рашковски во Владата ангажирал двјаца хонорарци, кои ништо не работеле, туку дел од хонорарот му го исплакале него. Обвинителството процени дека тој го оштетил буџетот за околу 300.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ откри кои ќе бидат новите министри…

Игор Филков, роден во 1979 година, е…

Земјотрес вечерва почуствуван во Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени…

Насилство: Жена крвнички нападната од својот сопруг,…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Германците СЕ ЗБОГУВАА СО РУСКИОТ ГАС?

Најголемиот германски снабдувач со гас Унипер објави…

КИНА ПРЕД САД: Продадени повеќе кинески отколку…

Минатата година за прв пат кинеските автомобилски…