Рајо размислува за експресно враќање на Димитриевски?!
Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел да се врати во редовите на Рајо Ваљекано, пренесуваат шпанските медиуми.
Рајо е заинтересиран за враќање на Димитриевски само неколку месеци откако тој се пресели во Валенсија. „Ел Чирингуито“ објави дека би се разговарало за позајмица на македонскиот чувар на мрежата.
Валенсија во Димитриевски гледаше идеална замена за Грузиецот Мамардашвили, но ситуацијата се промени бидејќи тој сега би можел да остане во клубот.
Димитриевски не сака да има улога на резерва, показател за тоа е и клазулата за која пишуваше Фабрицио Романо пред неколку недели. Наводно, Димитриевски може да го напушти клубот за само три милиони евра ако Мамардашвили не замине летово.
Операцијата за враќање на Димитриевски за Рајо е сложена, меѓутоа засега останува како опција.
Ќе потсетиме, Димитриевски зад себе има една одлична сезона во која по бројките статистички беше еден од најдобрите голмани во шпанското првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…