„Рајс вреди 120 милиони, а човекот не знае да подаде кон напред“
Холандската легенда Рафаел ван дер Варт жестоко го критикуваше англискиот играч за врска Деклан Рајс.
Фудбалерот на Арсенал беше во стартниот состав на секој натпревар на Англија на Европското првенство во Германија. „Топчиите“ за трансферот на Рајс на Вест Хем му платија 116 милиони евра, чија моментална вредност на „Трансфермаркт“ е 120 милиони евра. Сепак, Ван дер Варт не е задоволен од неговиот настап.
„Сто и дваесет милиони евра за Деклан Рајс… Што прави? Тој доаѓа по топката, а потоа му ја враќа на Џон Стоунс. Џабе е. Ако вредиш 120 милиони евра, треба да можеш да подадеш кон напред“, изјави Холанѓанецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…