Реал Мадрид подолг период ќе игра без Винисиус Жуниор!

t

Екипата Реал Мадрид лесно дојде до трите бода на синоќешното гостување кај Леганес (0-3), но триумфот донесе и лоши вести за тимот, откако Винисиус Жуниор, кој го одигра целиот натпревар, заработи мускулна повреда што ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец.

Клубот ја потврди повредата, но не даде конкретна прогноза за времетраењето на опоравувањето.

„Луд календар. Ќе закрепнам“, напиша Винисиус Жуниор на социјалните мрежи, изразувајќи оптимизам за своето враќање.

Шпанските медиуми информираат дека Бразилецот ќе пропушти најмалку шест натпревари, меѓу кои и важните дуели против Ливерпул, Хетафе, Атлетик Билбао, Џирона, Аталанта и Рајо Валјекано, додека настапот против Севилја останува неизвесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…