Регистрирани првите случаи на новата подваријанта на омикрон во Словенија

Словенија досега се потврдени два случаи на новата подваријанта на омикрон, наречена БА.2, чии карактеристики сè уште не се целосно познати, Словенечката лабораторија за здравје, животна средина и храна, која секвенционира заразени со коронавирус примероци, објави во четвртокот.
Подваријантата е откриена во брисеви кои се секвенционирале во првите две недели од јануари, потврди Тјаша Жохар Чретник, директор на националната лабораторија, на прес-конференција, додавајќи дека примероците се од североисточна Словенија, а престојувале во странство.
Споменатата подваријанта е веќе евидентирана во Данска и нејзините карактеристики се уште не се истражени и јасни, но според некои податоци е уште позаразна од претходните соеви, но не предизвикува посилни симптоми, пишуваат словенечките медиуми.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14.206 нови инфекции со коронавирус, а уште 12 лица починаа во петтиот бран на епидемијата предизвикана од омикрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поразително: “Сиромашен” од Словенија би бил “средна…
Во Македонија, Србија и Црна Гора, стапката…
Интерес за вакцинација против Ковид-19 нема ама…
Доцнат детските вакцини против Ковид кои требаше…
Македонка ќе биде министерка за дигитализација во…
Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и…
Траги-комедија: Македонци украле 150 литри дизел од…
Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје…
Македонец е еден од загинатите во експлозијата…
Македонски државјанин е меѓу загинатите во експлозијата…