Објавено на:

(Видео) Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне – шокирани минувачи ја гледаа сцената со неверување

t

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите, заканувајќи се дека ќе скокне. За време на својот говор од покривот, Хојвик им порача на минувачите дека не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб, но истакна дека „она што го прават со оваа земја не е исправно“. Во еден момент, тој се закани дека ќе скокне, предизвикувајќи загриженост кај присутните.

Пожарникарите пристигнаа на местото со скали и по некое време, Хојвик изјави дека е подготвен да слезе од покривот со нивна и со помош на полицијата. По настанот, пратеничката група на СДС се извини и побара разбирање од јавноста. „Искушенијата што ни ги наметнува животот понекогаш се премногу тешки. Ве молиме за разбирање и сочувство. Ви благодарам!“, се наведува во соопштението.

Според информациите на словенечката новинска агенција СТА, пратеникот е пренесен во болница со амбулантно возило, придружуван од полициски возила. Полицијата и пожарникарите ја потврдија нивната интервенција на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…

Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…

Словенија ја укинува деветолетката по лошите резултати…

Словенија целосно ќе го реформира образовниот систем…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…