Регистрирани 18 cмртни случаи од омикрон во Данска

Во Данска 18 лица починаа како резултат на инфекција со сојот на коронавирусот омикрон, објавија медиумите, повикувајќи се на податоци од Институтот „Стејтенс“.
Според мрежата ТВ2, ова е првпат Институтот да го објави бројот на починати од омикрон.
Во периодот од 21 ноември до 28 декември се регистрирани 56.000 случаи на сој омикрон.
Во истиот период, другите соеви на вирусот однесоа вкупно 100 животи.
Видот омикрон првпат беше откриен во Данска кон крајот на ноември, но стапката на хоспитализација е двојно помала од видот делта.
Во Данска досега се потврдени повеќе од 840.000 случаи на инфекција со коронавирус, додека повеќе од 3.000 луѓе починале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…
Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…
Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…
Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…
855 заразени и пет починати од Ковид-19…
Во Р. Македонија во текот на месец…
СЗО загрижена: Голем пораст на новозаразени од…
Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради…
Нова студија: Долгорочен Ковид-19 може да предизвика…
Луѓето кои страдале подолго од KОВИД-19 -…