Рекорден број на заразени со Ковид-19 во светот во изминатата недела

t

Во изминатите седум дена урнати се нови рекорди во светот кога станува збор за инфекции со коронавирус, достигнувајќи над 935.000 заразени случаи дневно, објавија западните медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

Во периодот од 22 до 28 декември потврдени се 6.550.000 заразени лица или во просек 935.863 дневно.

Вирусот се шири со огромна брзина, многу побрзо од претходниот рекорд забележан од 23 до 29 април, кога имаше 817.000 заразени дневно.

Бројот на инфицирани во изминатата недела е за 37 отсто поголем од претходната недела, а се зголемува од средината на октомври.

– Поголемата стапка на ширење веројатно е поврзана со губење на имунитетот и поголемата способност да се пренесе омикрон варијантата на Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека опасноста од овој многу заразен сој на коронавирусот е „многу голема“.

Најмногу новозаразени се регистрирани во Европа.

Во текот на изминатата недела, повеќе од 3,5 милиони луѓе се заразени, во просек повеќе од 510.000 дневно.

Ова е без преседан, бидејќи во Европа во претходните бранови никогаш немало повеќе од 300.000 заразени дневно.

Но, брзото ширење на инфекцијата досега не резултираше со зголемување на бројот на смртни случаи, кој се намалува во последните три недели. Во изминатите седум дена потврдени се околу 6.450 смртни случаи дневно во светот, најмалку од крајот на октомври 2020 година.

За две години откако беше откриен коронавирусот, повеќе од 282 милиони луѓе се заразени низ светот, а над 5,4 милиони луѓе починаа.

Според СЗО, бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 може да биде два до три пати поголем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Го прогласуваме за умрено: Пад од 90%…

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло…

Осум починати од Ковид-19 минатата недела

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци…

Кај нас е “умрено” ама во Кина…

Кина вчера го пријави својот најголем број…

Добра вест: Нема починати од Ковид-19 во…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…