Рекорден број новозapaзени во Бугарија

t

Рекорден број од 7.062 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Бугарија во последните 24 часа, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата.

Претходно, најголем дневен број на новозаразени беше регистриран во октомври, кога во таа земја сè уште доминираше делта варијантата на коронавирусот.

Од последното намалување, 89 лица починаа, со што вкупниот број на жртви на Ковид достигна 19.761, пренесува Ројтерс.

Во болниците има повеќе од 5.200 лица, од кои 580 се на интензивна нега.

Здравствените власти најавија дека зголемувањето на хоспитализациите може да доведе до нови ограничувања во Бугарија, која е земја со најниска стапка на вакцинација во Европската унија, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…