Рекордна инфлација во Еврозоната: Енергенсите “скокнале” за повеќе од 40%!

t

Инфлацијата во еврозоната во септември достигна нов рекорд од 10 отсто на годишно ниво од нивото од 9,1 отсто во август, објави европската служба за статистика, Евростат.

Стапката на инфлација ги надмина прогнозите на економистите кои предвидуваа дека ќе изнесува 9,7 отсто.

Податоците, исто така, покажаа дека растот на цените се прошири од цените на храната и енергијата во речиси сите сегменти на економијата на 19-члениот блок.

Цените на енергијата во септември пораснале за 40,8 отсто на годишно ниво во однос на 38,6 отсто во август, а потоа следат цените на храната, алкохолот и тутунот со раст од 11,8 отсто во однос на минатомесечното ниво од 10,6 отсто.

Базната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, порасна за 4,8 отсто на годишно ниво од 4,3 отсто во август.

Овие показатели ќе го зголемат притисокот врз Европската централна банка за поагресивно зголемување на каматните стапки на состанокот во октомври и ќе ја зголемат веројатноста за подолга и подлабока рецесија во еврозоната.

Невработеноста во еврозоната во август достигна 6,6 отсто, што е непроменето во однос на јули. Ова значи дека пазарот на трудот остана отпорен и покрај претстојната рецесија и енергетската криза што го зафати континентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлација од 4.3% во споредба со лани!

Државниот завод за статистика го потврди она…

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто…

„Економист“: Бугарија нема да влезе во еврозоната…

Бугарија нема да влезе во еврозоната и…

Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната

Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…

Ова е тоа „има и полошо“? Инфлацијата…

– Цените во Аргентина пораснаа толку драматично…