Хрватска со најголема инфлација во еврозоната

t

Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.

Според првичната процена на хрватскиот ДЗС инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.

Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.

Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…