Рекордни цени на горивата – Транспортерите пред банкрот
Транспортерите пред банкрот, возачите пред отказ. Со овие цени на горивата веќе не можат да опстанат на пазарот. Автобуските превозници се жалат дека цената на дизелот е највисока во последните десетина години, а нивните услуги не поскапуваат заради слабата куповна моќ на населението. Посебен проблем им се договорите на пример, со општините за превоз на ученици, кои се склучени порано по многу пониски цени, пренесува Сител.
Дизелот бил поскап само во 2012. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика пред 10 години, цената на црното злато достигнала највисока годишна просечна цена од 109 долари за барел. Литар дизел тогаш чинел 72,5 денари за литар. И бензините биле малку поспапи. БС 95 чинел 80, а БС 98 81.5 денари за литар.
Во ваква ситуација, превозниците велат дека Владата треба да ги копира примерите од регионот и да помогне за секторот да опстане. Според нив, простор за тоа има затоа што во моментов од крајната цена на горивата директно во државната каса се слеваат од 38 до 45% на име на акцизи, даноци, такси за екологија и слично.
Рекордни цени барелот достигна во август 2008 година, за време на руско – грузискиот конфликт, чинеше 136 долари, но кај нас тогаш дизелот се продаваше по иста цена како денешната. Заради руско – украинските тензии, аналитичарите предупредуваат дека барел нафта ќе надмине 100 долари што дополнително ќе влијае на глобалната инфлација.
Извор: Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Поскапуваат бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Добра вест: Поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…
Се зголемуваат цените на горивата во Македонија
Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…