Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

t

Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија предмалку од РКЕ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 41,042 (денари/килограм)

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 0,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 20.01.2023
година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,230% или за 10,550 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,888% или за 8,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,799% или за 7,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,848% или за 3,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.


Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,9699 ден/$ и е за околу 0,102% понизок од курсот на доларот (57,0284 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,47%.


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто
ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,042 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…

Паднаа цените на нафтата

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа…