Референдум – ИСТОРИСКА ГРЕШКА ЗА БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА!

t

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја одобри иницијативата за собирање на 150 илјади потписи за референдум на кој ќе се гласа против францускиот предлог. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев пак јавно се изјасни дека планот Б на неговата партија е исто така референдум за францускиот предлог.

Прашањето кое ги загрижува граѓаните е дали референдумот воопшто е добра идеја, вредна за спроведување со единствена цел спречување на уште едно предавство од власта.

Цензус

За референдумот да биде успешен на него е потребно да излезат близу 900 илјади граѓани и да го кажат својот став, но во овие услови и во ваква консталација со ваква криминална власт тоа е речиси невозможна мисија.

Зошто? Бидејќи статистиката не лаже! Имено според последните релевантни анкети над 72 проценти од етничките Македонци се против францускиот предлог, со бројќа на Македонија од над 60 проценти од 1,8 милиони жители станува збор за околу 780 илјади Македонци кои се против францускиот предлог.

И сите до еден да излезат на референдумот тоа значи дека фалат 120 илјади гласови само за да биде исполнет цензусот.

Товарот на бркање на цензусот во ваква неразвиена демократија како што е Македонија секогаш е на страната која го иницира референдумот.

Ова значи дека опозицијата ќе има една невозможна мисија, не затоа што Македонците сакаат да бида бугаризирани, не затоа што не си ја сакаат државата, туку едноставно бројките се такви какви што се… Па макар на референдумот гласала и ќерката на Таче која беше против францускиот предлог па се пишмани.

Албанците и албанските партии од прва до последна бараат со отворањето на Уставот и влезот на Бугарите во истиот да се иницира и промена на делот од Уставот во кој етничката заедница која брои на 20 проценти да се замени со зборот Албанци бидејќи истото го сметаат како навредливо.

Со ваков член во Уставот, Македонија и дефакто станува бинационална држава, што создава нови проблеми, но тоа не е суштината. Суштината е дека Албанците нема да излезат на референдум кој не е во нивна корист. Oва за опозицијата значи 420 илјади луѓе помалку минус оние 28 проценти Македонци кои немаат проблем со францускиот предлог, минус многубројната државна админитрација која ќе биде подложна на досега невиден притисок ова ќе значи невозможна мисија за било која македонска опозиција.

Ако се случило еднаш не значи дека ќе се случи по втор пат, ако се случило втор пат биди сигурен дека ќе се случи и трет пат

Македонија досега во историјата има два неуспешни референдуми, едниот е за територијалната поделба во 2004 година, додека вториот е за промена на името во 2018-та година.

Референдумот од 2004 година бил распишан со цел изјаснување на граѓаните во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија и бил одржан на 7 ноември 2004. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива од 1998, а по барање на 180.454 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија на 3 септември 2004 година го распишало задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија.

Прашањето гласело „Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и Градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?“

За гласале 427.112, додека против биле 22.212. Тогаш СДСМ од позиција на власт порача дека некои прашања не заслужуваат одговор, а референдумот беше неуспешен.

Референдум во Македонија (2018) — референдум на државно ниво се одржи на 30 септември 2018 година во Република Македонија. Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не била усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список.

Прашањето гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

За беа 609.813 додека против гласале 37.700 илјади граѓани. СДСМ од позиција на власт не успеа да извади доволно народ на гласање за да го помине цензусот, а одлуката да биде задолжителна за сите политички чинители.

Сепак со измама и притисоци во Собранието, СДСМ успеа со пратеници од опозицијата да стигне до потребните 81 глас за промена на Уставот и уставното име на државата.

Значи Македонија во својата историја имала два неуспешни референдум, а принципот на бојкот се покажал за успешен и од позиција на опозиција и од позиција на власт, што значи дека без поддршка од сите најголеми политички партии во државата секој референдум во Македонија е осуден на пропаст.

Кој тоа гласа за идентитет на референдум?

Францускиот предлог опозицијата го нарече предлог за бугаризација на Македонија за што се сосем во право, порачаа гласно „НЕ“ за ултиматуми и уцени.

Ако францускиот предлог ја бугаризира Македонија, тоа значи дека Македонецот ќе треба да гласа против бугаризација на Македонија, а ако референдумот не успее тоа ќе значи дека Македонецот се согласил да биде бугаризиран и да се „врати“ на своите корени.

Првата грешка ја направи екс-премиерот Никола Груевски со наметнување на идејата за референдум за промена на името. Можеби доколку договорот од Преспа или било кој договор за промена на името на државата се однесуваше само на името на државата, ова ќе имаше некаква логика, но договорот од Преспа и барањата на Грција отсекогаш се однесувале на историјата и идентитетот на Македонецот.

Па побогу дефиницијата за една модерна нација е следнава: „луѓе обединети со заедничко потекло, историја, култура или јазик, кои населуваат одредена земја или територија“.

Македонија со договорот од Преспа се откажа од античката историја, малцинството во Грција (нација без малцинства во соседството, лесно можеме да ја наречеме вештачка), се уште се дебатира околку националноста/citizenship кој од Македонец стана граѓанин на Република С. Македонија или коси црти.

Одредувањето идентитет на референдум се коси и со меѓународното право, односно основното човеково право на „самоопределување“. Па и сите 1,8 милиони жители на Македонија да излезат и да гласаат за идентитетот тие не би требало и не би смеело да го одредат мојот личен идентитет кој е субјективна работа.

Да се врати на сегашниов референдум. Веќе читам оправдувања од страна на пулените на опозицијата дека ако не сме излегле на референдум не сме заслужувале да имаме држава, не сме заслужувале да се викаме Македонци! Па кои сте бе Вие луѓе да осудувате или пресудувате?! Го подготвувате народот за уште едно разочарување од самиот себе иако за се се виновни политичките елити кои морате да ги браните.

Неуспешен референдум на оваа тема ќе биде поопасен од самиот француски предлог бидејќи како што сите се согласивме за Преспа, Македонците сами не си го сменија името, сега не се бугаризираат и тоа го прави некој друг, а резулатот е наплив на патриотизам и родољубие какво што немало никогаш до сега. Со референдум сами ќе си пресудиме

Два атентати и мукла…

Два атентати еден докажан и несупешен, еден недокажан ама успешен се чини беа доволни за ниту еден политичар веќе да не се сети на зборот р’бет или како што велеше Заев кичма. Да ја свиткаме кичмата, што ќе ни е и име и презиме, и Гоце и Аце, нека иде све у три лепе за да живееме подобро.

Па да ве потсетам само дека денес мнозинството Македонци се православни христијани. Свесни ли сте колку поубаво ќе живееле нашите претци во турско ако се откажеле од Христа. Ни данок, ни јаничари, ни ќотек, ни Цвети, ни мети…

Глупи ли биле?

Па Албанците не дадоа точка да им се стави на знамето за да смеат соогласно македонскиот Устав да го веат во Македонија.

Драги политичари кога сме веќе кај верата, зошто сакате да бидете Понтиј Пилат и да си ги исперете рацете со референдум? Зошто сакате на народот да му ставите камен на грб кој конечно ќе ни ја скрши кичмата. Побитни ли се вашите кариери од чувството кое му го наметнувате на македонскиот народ дека не заслужуваме да бидеме Македонци.

Тероризам?

Одговорот на кратко е не. Постојат илјадници методи за искажување на граѓанска непослушност кои не те носат во затвор, кој не значат уништување на државата, а сепак прават проблеми за власта. Па на следната дебата во „Само Вистина“ побарајте му ја на Павле „Rules for Radicals“ на македонски „Правила за Радикали“, читанка на ЦИА за рушење на власти.

Применете било кој сплет од методите, зимоска критичната маса ќе биде уште поголема поради растечката немаштија и издејствувајте предвремени парламентарни избори па поништете све! И Преспа и бугарски договор и француски предлог!

Сме ве гласале за да не водите, а не за да не терате. Не сме овци!

Бонус прашање зошто ќе собирате 150 илјади потписи, кога иницијатива за референдум можат да дадат и вашите пратеници во Собранието?

Сиже

Едуцираната претпоставка, вели дека референдумот нема да успее. Сепак ризикот е преголем за да воопшто се тргне по овој пат и во оваа насока, бидејќи граѓаните ако не излезат во доволен број ќе бидат виновни за бугаризацијата на Македонија.

„Дајте ми слобода или дајте ми смрт! е цитат што му се припишува на американскиот политичар и оратор Патрик Хенри од говорот што го одржал на Втората конвенција во Вирџинија на 23 март 1775 година во црквата Свети Јован во Ричмонд, Вирџинија. Хенри е заслужен за тоа што ја промени рамнотежата во убедувањето на конвенцијата да донесе резолуција со која се доставуваат трупи од Вирџинија за Револуционерната војна за ослободување на САД од британското колонијално владениее. Меѓу делегатите на конвенцијата беа идните претседатели на Соединетите Држави Томас Џеферсон и Џорџ Вашингтон.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бочварски: Не се знае до кога ќе…

Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…

Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…