Решени 561 барање од граѓани преку електронската адреса [email protected] на Град Скопје
Преку електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected], Град Скопје ги решава секојдневните барања и проблеми на граѓаните.
На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Од Градот информираат дека досега на адресата пристигнати се 618 барања, решени се 561, а во фаза на решавање се 57 барања.
Најголемиот број од поднесените барања на граѓаните се за решвање на проблеми од животната средина, за постапување на градските инспектори, прашања за даноци и комуналната хигиена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…