“РИА Новости”: Сите грчки компании ќе плаќаат гас во рубљи

t

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубљи и нема да има прекини во снабдувањето, пренесуваат агенциите.

Извор од гасната индустрија во изјава за „РИА Новости“ кажал дека сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубљи.


Изворот за агенцијата навел дека рокот за плаќање за испорака на гас е 25 април и дека затоа е неопходно парите да се уплатат на посебна сметка на 23 мај, бидејќи конверзија во рубљи и префрлање пари од една сметка го продолжува рокот за еден до два дена.

„Потребни се два дена за да се претворат во рубли и да се префрлат пари од една на друга сметка. За да се направи ова, плаќањето во евра треба да пристигне на 23 мај“, објаснил тој.

Во Грција, трите главни увозници на руски природен гас се „ДЕПА Комерц“, „Митилинеос“, „Прометеј Гас“, пренесува агенцијата.

Според изворот, сметките се отворени а процесот на плаќање е во тек, пишува медиумот.

Коментирајќи ги објавите на грчкиот печат дека во случај на прекин на испораката на руски гас, грчките власти ќе бидат принудени да ја исклучат електричната енергија поради недостаток на капацитет, соговорникот на агенциите изјавил:

„Нема да има прекин на залихи, се е во ред“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски автомобил падна во морето во Неа…

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в…

Закани од Грција: Ќе го ракетираме Истанбул

Долго годишните спорови меѓу Турција и Грција…

Македонија, Грција и Албанија конечно ќе се…

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја…

Нема повеќе руски гас за Грција

Јужниот сосед веќе нема да добива руски…

Важна вест за сите кои ќе летуваат…

Во грчките води, во Егејското и Јонското…