Објавено на:

Ристовски: Нема веќе пари за фантомски клубови и федерации – корупцијата мора да ја исчистиме!

t

Додека настапуваше активно од навивачите поради фантастичните партии во дресот на Македонија беше прогласен за „Министер за одбрана“. Неколку години по заминување во играчка пензија повторно е именуван за министер, овој пат официјално и тоа за спорт, секторот во кој го мина речиси целиот свој живот.

ИГОР КРСТЕВСКИ

Станува збор за Борко Ристовски, поранешен голман на, меѓу другите, Вардар, Металург, Рајн Некар Левен, Барселона и Бенфика, долгогодишен репрезентативец со 155 настапи во жолто-црвениот дрес, човек кој добро ги познава случувањата и кој секако ќе знае на кој начин да ја искористи новата функција за развој на македонскиот спорт, кој одамна е на – апарати. Најавува искоренување на корупцијата, контрола на трошењето на државните пари, откри влез на дополнителни 13,5 милиони евра и драстично подобрување на инфраструктурата. Сето ова е доволен повод за разговор со човекот кој во следните четири години ќе ја има можноста да ги подобри условите, а со тоа и резултатите на македонските спортисти.

Федерациите, клубовите и спортистите со нетрпение ги очекуваат парите од спортскиот ваучер, кои првпат од кога е воведен овој систем не се доделени на почетокот од годината. Кога тие ќе можат да сметаат на финансиска инјекција, која за многумина од нив е од „животно значење“?

„Прво морам да ја нагласам негрижата на претходната Влада за спортот потврдена со самиот факт што парите за спортистите воопшто не биле предвидени во буџетот. Со ребалансот на буџетот обезбедивме 550 милиони денари или околу девет милиони евра, што е можеби еден милион помалку од предвиденото поради големиот недостаток на средства општо во држатата. Но, тоа не треба да ги загрижува спортистите бидејќи ние ќе сториме се таа ‘дупка’ да биде пополнета со дополнителни пари од други извори, кои во следниот период би легнале на нивните сметки. Сега чекаме ребалансот официјално да заврши во август, при што веднаш ќе почнеме со процедурата, која поради итноста верувам дека ќе ја скратиме од 90 дена на најмал можен период во кој ќе може да се завршат сите чекори. Верувам дека веќе во септември спортистите ќе ги добијат парите кои им се неопходни за нормално функционирање“.

– Продолжи со читање ОВДЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…

ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…