Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка и нашето трпение не е бесконечно!
На денешното рочиште, од седум најавени сведоци на одбраната на првообвинетиот, се појавија само двајца, двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеваат да го пронајдат ниту судот ниту одбраната.
Се поставува сериозно прашање – дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок?
Сведокот Бојан од Гевгелија, пак, не ги потврди претходните најави дека имало запалување на озвучувањето. Според неговото сведочење, немало запалување, туку само испуштање чад. Оттука, се поставува прашањето каков е вистинскиот придонес на неговиот исказ за утврдување на причините и одговорноста за трагедијата.
Ние, семејствата на загинатите, сме присутни на рочиштата, повторно преживувајќи ја траумата од таа кобна ноќ. Секој нерелевантен исказ за нас значи повторно поминување низ болката и траумата, додека за адвокатите на одбраната тоа значи уште еден работен ден и дополнителна дневница, а за државата нови и непотребни трошоци од народните пари.
Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка, во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината.
Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно.
Зад секое рочиште стојат родители кои ги загубија своите деца. За нас ова не е обичен судски предмет. Ова е борба за вистината, одговорноста и правдата за 63 изгубени млади животи.
Соопштение на родителите на загинатите во Пулс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…
На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…
Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за…
Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над…
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската…
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…