Родителите на починатите од Пулс бараат одговор од Љутков и Лефков за спомен-обележјето за нивните деца
Пред една година, на 18.06.2025, во Собранието беше прифатен амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, со кој беа обезбедени 2.000.000 денари како првични средства за идејно решение и отпочнување активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во „Пулс“. Во самото образложение беше наведено дека барањето е координирано со родителите на настраданите. Амандманот беше прифатен и изгласан.
На денешен ден, 23.06.2025, истата одлука беше објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 126, како Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година.
На средбата со министерот за култура и туризам ни беше кажано дека средствата предвидени минатата година биле искористени за други намени, но дека во текот на оваа година ќе се направи нова прераспределба за реализација на спомен-обележјето.
Во поткастот Ноќно студио на 4TV mk, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека оваа година повторно преку прераспределба се влезени во буџет за 2026 и обезбедени 2 милиони денари за спомен-обележјето, дека според сознанијата со кои располага Министерството веќе се работи на основниот проект и дека средствата би се реализирале преку Општина Кочани кон инвеститорот – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“.
Воедно сакаме да појасниме и еден факт поврзан со дел од наводите изнесени во поткастот — на средбата кај министерот не присуствуваа претставници на Општина Кочани, туку членови на семејствата на починатите и членови на здружението (дел од кои професионално се вработени во општини, но не настапуваа во тоа својство).
Овие јавно достапни информации, заедно со информациите добиени на средбата, се основата за поставување на следните прашања:
– Дали најавената прераспределба за оваа година веќе е донесена и каде е јавно објавена?
– Дали постои формален акт за пренос или определување на средствата за оваа намена?
– Кога средствата ќе бидат ставени на располагање за реализација ?
– Кога средствата би биле префрлени до инвеститорот и под кои услови?
– Дали одлуките донесени во Собранието и објавени во Службен весник остануваат само на хартија или треба да добијат реализација?
– И конечно — дали меморијал од вакво значење требаше да биде целосно инициран, поддржан и реализиран институционално од Република Северна Македонија, наместо семејствата паралелно да бараат дополнителни начини за обезбедување средства преку донации?
Спомен-обележјето не е само проект. Тоа е место на сеќавање, достоинство и траен однос кон 63 прекинати животи.
Во прилог се: објавата на пратеникот Миле Лефков, поткастот Ноќно студио на 4TV mk со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Одлуката објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 126 од 23.06.2025.
https://www.instagram.com/reel/DLCboSTB_Ea/?igsh=MWhqZ3JqbTViMzQ0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на починатите од Пулс бараат одговор…
Пред една година, на 18.06.2025, во Собранието…
Полицаец издавал службени тајни на адвокат на…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Девет пријави за семејно насилство за едно…
Министерството за внатрешни работи во текот на…
Товарно возило удри пешак во Велес и…
Сообраќајна несреќа се случи денес на „Раштански…
Ги напуштивме преговорите во Швајцарија по заканите…
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, кој…