Објавено на:

Товарно возило удри пешак во Велес и го усмрти

t

Сообраќајна несреќа се случи денес на „Раштански пат” во Велес, каде товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удри во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес.

На 22.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција – соопштуваат од полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…

Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…

ВИ-агент на „Опен еј-ај“ повторно проби на…

Од „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопштија дека уште…

Србија ja продолжи забраната за извоз на…

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…

Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…