Рокас: Јасен е нон-пејперот – прво уставни измени, после преговори

t

„Најголемата порака што произлезе од самитот во Тиват е дека процесот за проширување на ЕУ е жив, динамичен и дека е ургентен, а земјите кандидати не треба да ја пропуштаат оваа можност“, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во Штип. Според него, од нон-пејперот, предложен од страна на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, јасно може да се види дека Македонија прво што треба да направи е да ги усвои уставните измени.

„Јасно можеме да видиме дека тоа е документ кој ги опишува сите чекори кои што треба да се случуваат за да можат да се почнат преговорите, но за реализација на тие чекори се разбира дека прво треба да се одржуваат преговори. Иако не сум експерт за толкување на такви документи, мислам дека прво што треба да се случи е да се усвојат уставните измени за да можат да се започнат преговорите. Всушност самата преговрачка рамка која беше договорена во 2022 година тоа и го кажува, потоа како следен чекор е меѓувладината конференција по која следува започнување на официјалните преговори. Јас сум убеден дека Република Северна Македонија навистина ќе може многу брзо да напредува на нејзиниот евроинтегративен пат и во зависност од имплементацијата на реформите како дел од агендата“ изјави Рокас.

Тој вели дека е убеден дека во моментот кога земјата ќе започне да ги испорачува реформите со забрзано темпо, особено реформите во сферата на владеење на правото и борбата против корупцијата, и ги исполни обврските преземени од 2022 година, ќе се забрзува процесот за интеграција. Рече дека од спикерот Гаши добил уверување дека Собранието работи на усвојување на законите од реформската агенда.

Рокас ја пофали земјата за усогласеноста со надворешната безбедносна политика и нагласи дека со исполнувањето на реформите ќе се почувствуваат придобивките од започнувањето на преговорите со ЕУ, а за тоа како пример ги посочи земјите од соседството Албанија и Црна Гора.

На прашњето во однос на принципиелниот став на премиерот Мицкоски за ставањето на Бугарите во Уставот, Рокас рече дека во политиката договорите мора да се испочитуваат, односно да се спроведуваат, како и исполнување на едно од главните услови на ЕУ а тоа се добрососедските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аирлија амнестија на функционерите: Сиљановска веќе ги…

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги…

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…