Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано за измените на КЗ

t

Владата во постапката за донесување закони, а исто така и Собранието не ги достави измените на Кривичниот закон до надлежните институции. Веројатно сметале на итноста на донесувањето на законот, тоа што тој е донесен во скратена постапка и со европско знаменце, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески.

Според него, некој во политиката проценил дека е потребно итно донесување на тој закон, а во однос на прашањето колку предмети ќе застарат, Јовески рече дека обвинителството ќе се обиде да спаси дел од предметите.

– Обвинителството кон овие предмети ќе се однесува така што она што ќе може да се спасува, да се спаси, ако има основи, и ако има докази за изрекување на конфискација, бидете уверени дека тој дел обвинителите ќе бараат имотот да биде конфискуван, рече тој.

Во изјави за медиуми по денешната седница на Советот на јавните обвинители Јовески рече дека нема да застарат многу предмети, а кај определени предмети, како што рече, веројатно ќе се појави проблемот на преквалификација на кривичното дело од еден став во друг.

Тој посочи дека за обвинителите не е сеедно што предметите за кој вложиле огромен труд се исправени пред застарување.

– Се разбира, како обвинител непријатно е чувството вие да работите повеќе години во еден предмет бидејќи определени предмети се навистина сложени и за нив се обезбедувани докази и со меѓународна правна помош, во определени предмети е вложена голема енергија од страна на обвинителите и сега тие предмети и тие дејствија треба да се преквалифкуваат како полесни кривични дела, рече Јовески.

Во однос на самите измени, Јовески рече дека биле донесени во Собранието во законита процедура и дека должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат.

Државниот обвинител рече дека не може да се прави проценка како измените на КЗ ќе влијаат на сите предмети бидејќи, како што посочи, секој предмет е посебен. Но, нагласи дека нивната примена најмногу е изразена во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство Скопје.

– Не може да се групираат предметите. Секој предмет е посебен и оние предмети што се во работа и уште во почетна фаза јавните обвинители ги проучуваат и доколку за одредени прашања во делот на примената на овие законски одредби наидат на тешкотии за тоа го информираат раководителот на Обвинителството. Доколку не може да се изнајде соодветно решение во рамките на Обвинителството, се известува повисокото Јавно обвинителство. И примената на Законот кај овие предмети е најизразена е во Основното јавно обвинителство за гонење организирана криминал и корупција (ОЈО ГОКК)  и Основното јавно обвинителство во Скопје, изјави тој.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка на почетокот на месецов ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница…

На собраниската седница закажана за 2 ноември…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…