Објавено на:

Романија протера руски дипломат поради инциденти со дронови

t

Романија прогласи член на руската дипломатска мисија во Букурешт за персона нон грата и му даде рок од пет дена да ја напушти земјата, по три последователни упади со беспилотни летала во романскиот воздушен просто, објави „Ројтерс“.

Рускиот амбасадор во Букурешт, Владимир Липаев, беше повикан во Министерството за надворешни работи на Романија денеска, каде што му беше врачена дипломатска нота и му беше пренесен силен протест поради инцидентите регистрирани помеѓу 24 и 26 јули.

Во тој период, романските вооружени сили соборија три беспилотни летала кои влегоа на територијата на земјата без овластување. За време на состанокот, на амбасадорот му беа прикажани и фрагменти од едно од уништените беспилотни летала, за кои обвинителството официјално утврди дека се од руско потекло.

Министерството за надворешни работи објави дека Липаев бил официјално информиран дека член на дипломатската мисија на Руската Федерација е прогласен за непожелен и дека мора да ја напушти Романија во рок од пет дена.

Во исто време, романскиот амбасадор во Москва беше поканет во Букурешт на консултации, што претставува дополнително заострување на дипломатските односи меѓу двете земји.

Романската страна нагласи дека Руската Федерација сноси единствена одговорност за инцидентите и влошувањето на безбедносната состојба во регионот.

„Апсолутно е неприфатливо и недозволиво Руската Федерација да продолжи да го нарушува воздушниот простор на Романија, кој е и воздушен простор на НАТО и Европската Унија“,  се наведува во соопштението на Министерството.

Романија изјави дека ќе продолжи да го координира својот одговор на инцидентите со сојузниците и партнерите во рамките на НАТО и Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија протера руски дипломат поради инциденти со…

Романија прогласи член на руската дипломатска мисија…

Романија за три дена собори три дронови…

Борбен авион Ф-16 на Романија, утрово во…

Најнови вести: Романски авион Ф-16 соборил дрон…

Романски борбен авион Ф-16 собори дрон над…

Романија ќе добие 2,15 милијарди евра од…

Романија ќе добие околу 2,15 милијарди евра…

Романскиот парламент усвои закон за обединување со…

Долниот дом на романскиот парламент усвои закон…