Објавено на:

Роналдо константно прави хаос во репрезентацијата: Кој е овој човек?

t

Португалија е во четвртфиналето од Светското првенство во Катар, но репрезентацијата секојдневно ја потресуваат нови скандали, поврзани со Кристијано Роналдо.

Најновиот е поради тоа што довчерашниот играч на Манчестер Јунајтед е единствен кој има свој пријател во кампот на националниот тим. Станува збор за персоналниот тренер на Роналдо, Рики Регуфе кој постојано е со репрезентацијата.

„Неколку фудбалери воопшто не ја сфаќаат причината поради која тој е со нив. Рики е постојано со тимот, дури и во деновите кога има натпревари. Она што дополнително ги иритира останатите е што на ниеден друг играч не му е дозволено да има гостин за време на Мундијалот“, пишува Дејли меил, повикувајќи се на извори од португалската репрезентација.

Регуфе и Роналдо се блиски од деновите кога Португалецот играше за Реал и оттогаш е негов гостин на вечери, забави, скапоцени летувања и на церемонии на доделување награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…