Роналдо „распали“ по Манчестер јунајтед, но Тен Хаг не му остана должен!

t

Кристијано Роналдо не се прослави во вториот мандат во Манчестер јунајтед, поради тоа што се скара со тренерот Ерик Тен Хаг и сред сезона го раскина договорот со премиерлигашот по што се пресели во Саудиска Арабија.

Роналдо игра за Ал-Наср, но сè уште ги следи настапите на неговиот поранешен тим за кој смета дека нема квалитет да ја освои титулата во Премиерлигата.

Тен Хаг не му остана должен на Роналдо и веднаш му одговори во првата можност за неговите критики.

„Тој е далеку од Манчестер, Роналдо е во Саудиска Арабија. Има свое мислење и тоа е во ред. ако ја прочитате неговата изјава ќе разберете дека сака да каже дека Јунајтед нема да ја освои Премиерлигата“, кажа Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…