Рубио разговараше со Гутереш за Ормутскиот теснец
Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио разговараше за напорите на САД да го спречат Иран да поставува мини и да собира патарини во Ормутскиот теснец за време на телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објави вечерва Стејт департментот.
Рубио и Гутереш разговараа за нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за ова прашање, „поднесена од САД и Бахреин со поддршка на други партнери од Заливот“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, без да даде дополнителни детали.
Кршливото примирје меѓу САД и Иран стапи на сила пред повеќе од пет недели, а американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека го одложил планираниот напад врз Иран до денес на барање на неколку сојузници од Блискиот Исток, бидејќи се во тек „сериозни преговори“.
Досега, дипломатските напори за завршување на војната што започна на 28 февруари со американски и израелски воздушни напади врз Иран и за повторно отворање на Ормускиот теснец, не дадоа плод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио разговараше со Гутереш за Ормутскиот теснец
Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио разговараше…
(Видео) Огромен пожар на реката Сава во…
Денеска во Белград избувна голем пожар на…
Инцидент што ја крена дипломатијата на нозе…
Обединетите нации изразија сериозна загриженост поради безбедноста…
Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина…
Секоја земја, вклучително и Украина, има право…
Мечка Снимена како трча во близина на…
Снимена е мечка како трча низ улицата…