Рубио: Средбата на Зеленски и Виткоф беше позитивна, без неочекувани моменти
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека вчерашната средба во Осло меѓу украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, била позитивна, без ништо неочекувано или изненадувачко.
Рубио изјави дека следната дестинација на Виткоф е Санкт Петербург, каде што тој ќе ги пренесе на руската страна идеите од разговорот со Зеленски.
– Сега, вооружен со овие идеи од средбата со Зеленски, тој може да ги сподели со руската страна во Санкт Петербург. Да видиме дали ќе можеме да постигнеме некаков напредок, изјави Рубио пред новинарите во Мумбај.
Рубио вчера пристигна во Индија во дводневна посета.
Виткоф се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со неговиот советник за инвестиции и меѓународна економска соработка Кирил Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции.
По средбата во Осло, Зеленски изјави дека Украина има јасна визија за тоа како да се постигне мир во војната со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Рубио: Трамп нема да учествува во бескрајните…
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…