РУМЕН РАДЕВ – Лажен херој што нема да направи ништо освен проблем за Македонија, Бугарија и ЕУ?
Бугарскиот претседател Румен Радев денес поднесе оставка од функцијата и најави формирање на партија и учество на се поизвесните предвремени парламентарни избори во Бугарија.
Бугарија повторно влегува во своевидна политичка криза, откако по неколку неуспешни обиди, последно партијата на Бојко Борисов успеа да формира Влада, но компромосиот беше Борисов да не биде премиер, туку Росен Желјазков. Се чинеше дека одреден период на Владата на Борисов ѝ оди добро, се додека бугарските граѓани во огромен број не излегоа на улиците поради незадоволството од предлог-буџетот за 2026 година. Исходот беше пад на владата на Желјазков по само три дена масовни демонстрации низ државата.
Во Бугарија, но и на Балканот постојано се вртеше тезата дека само Румен Радев има кредибилитет, односно доволна поддршка и можност да ја стабилизира состојбата во Бугарија. И така би! Радев денес реши да преземе чекор што според последните движења во Бугарија беше прилично очекуван, иако не многу зборуван во јавноста.
Рејтингот на Радев низ годините
Радев е политичар со највисок рејтинг во Бугарија, двојно поголем од вториот после него, неспоредлив со останатите политичари.
Според истражување спроведено од Market LINKS и бТВ меѓу 1008 испитаници, Радев е највисоко одобруваниот политичар со 45% позитивни оценки и 28% негативни. Истражувањето е спроведено во периодот 25 јануари – 2 декември 2025.

Истражување на Myara спроведено во периодот 6–16 февруари 2025 покажува дека претседателот Румен Радев има највисоко ниво на одобрување меѓу политичарите – 46.7%, значително пред други лидери (Премиерот, Борисов итн.)
Alpha Research во јули 2025 година објави дека Радев останува политичар со највисоко одобрување, иaкo е на пониско ниво отколку порано, со 39% одобрување. Овој резултат покажува пад од претходните месеци, но сепак водечка позиција.
Според анкетата објавена на БНТ, а спроведена од „Gallup International Balkan“ (релевантен рејтинг на политичари), Румен Радев е највисоко рангиран политичар со 46.4% одобрување, пред други јавни личности како Јанев, Петков, Борисов.
Reuters известува дека според најновата анкета на Market Links, 44% од Бугарите имаат доверба во Румен Радев, додека 34% не му веруваат.

Според најновите анкети за рејтинг на политичари во Бугарија, политичарот со највисок рејтинг во моментот (и во 2025) е Румен Радев – претседател на Бугарија.
Во анкетата на Myara спроведена 6–16 февруари 2025, Румен Радев имаше највисока оценка на одобрување од сите бугарски политичари — 46.7% од испитаниците му изразиле поддршка/одобрување, што го прави најодобруван политичар во земјата во тоа истражување.
Другите позиции во таа анкета беа значително пониски:
- Росен Жељазков (премиер) — 18.9%
- Боjко Борисов (лидер на ГЕРБ) — 15.9%
- Наталија Киселова (спикер на парламентот) — 15.3%
Анкета на Market LINKS (јануари–декември 2025) повторно покажа дека Румен Радев е најодобруваниот политичар во Бугарија со околу 45% одобрување. Во истото истражување Бојко Борисов (лидер на ГЕРБ) имаше околу 24% одобрување како лидер на партија.
Ставовите на Радев за Македонија
Колку е извесно Радев да стане премиер не можеме да шпекулираме. Не мора да значи, а ставот на повеќемина аналитичари во Бугарија е дека веројатно и нема досегашниот рејтинг и поддршка за Радев да се пресликаат комплетно во изборни резултати. Можноста сепак е тука.
Во продолжение, да ги погледнеме неговите ставови и изјави за Македонија низ годините, за време на неговите претседателски мандати.
1. „Бугарија не стави вето, но очекува почитување на договорите и основни права“ (2025)
„Бугарија никогаш не поставила вето на патот на Северна Македонија кон Европската Унија и нема да постави такви услови надвор од договорите, но очекуваме вистинско почитување на човековите права и владеењето на правото.“ – Извор: BNR / Radio Bulgaria на английски – Бугарија нема да им постави вето на Северна Македонија во ЕУ, иако постојат очекувања за реформски напредок.

Оваа изјава на Радев се поврзува со барањето за уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот на Македонија.
2. „Постојани напори за разговори со Северна Македонија“ (јуни 2025)
„Бугарија мора да остане будна и проактивна околу развојот на настаните во Република Северна Македонија… Не може да има преговори со мене кога станува збор за бугарскиот национален интерес.“ – Извор: BTA – Радев говори за потребата од почитување на бугарските позиции во контекст на ЕУ пристапот на Северна Македонија.
Накратко, Радев нема намера да попушти за уставните измени, што се потврдува и со следната изјава:
„Вклучувањето на Бугарите во уставот на Република Северна Македонија значително ќе го забрза патот кон Европската Унија и се надевам дека најбрзо ќе се направат тие промени за да се отворат вратите за преговори за полноправно членство.“ – Извор: dtt-net.com – Радев повикува на уставни промени кои ќе ја отворат вратата кон ЕУ преговори.
За време на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 Радев изјави: Бугарија не прифаќа измени на договорите потпишани со Северна Македонија – треба да се спроведуваат постигнатите обврски, а не да се менуваат.“ – Извор: Time.mk – Изјавата ја даде на Минхенската безбедносна конференција, нагласувајќи дека договорите треба да се почитуваат.
Радев претходно повика на дијалог на ниво на извршна власт.
„Конструктивниот дијалог на највисоко ниво меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да го преземат и извршната власт и парламентите… Не треба да го губиме историскиот момент за европската интеграција.“ – Извор: Official Bulgarian Presidency (превод од претседателската објава).
Овие изјави на Радев се во дипломатски тон, пристојни и државнички, меѓутоа не секогаш неговите изјави за Македонија биле толку благи.
Во 2022 година, Радев изјави дека „Не треба да дозволиме легитимацијата на македонизмот…“ Радев истакна дека идеологиите кои ги поврзува со поранешна Југославија/Коминтерната негативно влијаат на регионалните односи и на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
„Лажен „херој“ што нема да направи ништо освен проблем“
Што значи последниот потег на Радев, какви се очекувањата во Бугарија, дали би можел да формира влада и со кој, како и за тоа каков однос се очекува кон Македонија во случај претседателот во оставка да стане премиер на Бугарија, разговаравме со Владимир Владимиров, политички аналитичар од Бугарија.

Според Владимиров речиси и да нема шанси за Радев да победи на избори, а уште помалку да формира влада.
– Многу тешко на граница со невозможно. Радев нема сѐ уште партија, структури локално во градовите на Бугарија. На терен се стари и многу искусни играчи со огромни можности и искуство. Иако е така, Радев може да добие добар резултат еднаш- вторпат нема да има таква шанса. Не, не е можно да формира влада и да добие 121 пратеници во Народното собрание. Какви и да се резултатите од следните избори ќе мора повторно да се состави коалиција од партии и тука има секакви можни варијанти.
На прашањето со кој би коалицирал Радев и какви партии го поддржуваат, одговорот на Владимиров е „леви и проруски“.
– Се разбира левите и проруски партии и гласачи, ама проблемот е дека тие се само 30% од целото гласачко тело, има жестока конкуренција и барем 5-6 партии. После изборите поскоро ќе има можност со проевропските партии како ГЕРБ, ПП и ДБ бидејќи тие ќе имаат повеќе гласови.
Во случај Радев да победи, според Владимиров Русија ќе добие уште еден играч во ЕУ, заедно со Фицо и Орбан, а ЕУ ќе добие нови проблеми.
– Радев е докажан агент за руско влијание во Бугарија и ќе продолжи со националистичката реторика и напади по српско-руската агенда за лоши односи меѓу двете НАТО членки. Со неколку збора – после Фицо и Орбан, Москва ќе има уште еден клучен играч за влијание и правење на проблеми во ЕУ, заклучува Владимиров.
Како ќе се развива ситуацијата во Бугарија, останува да видиме. Во Бугарија очигледно има свесност дека проруски, анти-ЕУ личности не се најдобар избор за државата, но дали во Македонија има свесност за тоа?
А.Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУМЕН РАДЕВ – Лажен херој што нема…
Бугарскиот претседател Румен Радев денес поднесе оставка…
Захарова: Политиката на ЕУ е комична сама…
Функционер на руското Министерство за надворешни работи…
ЕУ до Трамп: Гренланд никогаш нема да…
ЕУ има „алатки“ да го одврати Доналд…
Сијарто: Унгарија кажува „не“ на членството на…
Унгарија останува посветена на тоа да не…
Кошта: ЕУ разгледува одговор за новите царините…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, истакна…