Сијарто: Унгарија кажува „не“ на членството на Украина во ЕУ

t

Унгарија останува посветена на тоа да не дозволи Украина брзо да се приклучи на Европската Унија, и покрај притисокот од Брисел, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во неделната програма на радио „Кошут“.

„Никогаш не сме се плашеле да му кажеме „не“ на Брисел – и ќе кажеме „не“ и на членството на Украина во Европската Унија“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека во Украина сè уште е во тек вооружен конфликт и дека нејзиното пристапување кон ЕУ ќе „донесе пламен на војна на целиот европски континент“.

Унгарскиот министер за надворешни работи, исто така, потсети дека, во согласност со Договорот за Европската Унија, одлуката за прием на нови членки може да се донесе само со консензус на сите земји-членки и дека таков процес не е можен без согласност на Унгарија.

Унгарската влада постојано предупредува дека забрзаното пристапување на Украина кон Европската Унија може да предизвика сериозна штета на европската економија, како и да го зголеми ризикот од директен воен конфликт со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…