Објавено на:

Русите пресекоа за вас нема место во нашето општество: Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили

t

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.

Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија. ј

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…