Објавено на:

Русите срушија дрон кај Севастопол

t

Воздушната одбрана денеска собори беспилотно летало над предградието на Севастопол, соопшти гувернерот Михаил Развозаев.

„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран во близина на местото Верхнесадова во 18:15 часот по московско време. Предметот бил соборен на голема височина, па звукот се слушал во различни делови на градот.” напиша Развозајев на својот канал Телеграм, како што јави агенцијата ТАСС.

Гувернерот ги повика луѓето да останат смирени и рече дека градот е заштитен.

Крим и Севастопол беа неколкупати нападнати во последните недели, соопшти руската агенција, додавајќи дека жолтото ниво на закана од тероризам во градот е на сила до 31 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската полиција со дронови ќе ги чува…

Бугарската полиција стави во употреба дронови за…

Русите срушија дрон кај Севастопол

Воздушната одбрана денеска собори беспилотно летало над…

Американските дронови нема долго да издржат во…

Додека Вашингтон праќа беспилотни летала „Греј орел“…

(Видео) Срушен уште еден дрон како тој…

На социланите мрежи во средата се појави…

Украинската служба за вонредни состојби се потсмева…

Украинската државна служба за вонредни состојби на…