Руските ученици ќе учат да летаат со дронови на часовите за обука
Во руските училишта се воведува посебен модул посветен на технологиите за беспилотни летала и нивната примена за воени и индустриски цели, а предметното знаење ќе се стекне на часовите за обука за работа, рече заменик-министерката за образование, Татјана Василиева, пренесе БТА.
Големо внимание ќе се посвети на технологиите за беспилотни летала. Управувањето со дронови од хоби се претвори во барана индустрија, изјави заменик-министерот пред пратениците во руската Државна дума.
Василиева посочи дека способноста за управување со беспилотни летала е „поврзана со подготовка за воена служба и одбрана на татковината, како и технологии во земјоделството, транспортот, набавките и логистиката.
Претходно, претседателот Владимир Путин потпиша амандман на Законот за образование во Руската Федерација, со кој се предвидува часовите за работна обука да станат задолжителни од 1 септември оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…