Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија и го обвини Лондон дека избрал „пат на конфронтација“
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија и ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво.
Британскиот весник „Сандеј тајмс“ денеска објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули.
Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи вршител на должноста, а нов амбасадор сè уште не е назначен.
Неименуван претставник на руската амбасада во Лондон, во изјава за весникот ја обвини Велика Британија дека избрала „пат на конфронтација“ со Русија поради поддршката за Украина.
Одговарајќи на статијата преку својот Телеграм канал, руската амбасада во Велика Британија го потврди „крајот на дипломатската мисија на амбасадорот Келин“.
Амбасадата додаде дека билатералните односи „се влошиле на историски најниско ниво, целосно по вина на Лондон, и во сите области“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…