Објавено на:

Русија го повтори барањето НАТО да се повлече на границите од 1997 година

t

Русија повторно бара НАТО да ги повлече своите војници и воени бази на позициите што ги имал во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата кон Источна Европа. Истото барање Москва го постави и во декември 2021 година, два месеца пред почетокот на руската инвазија врз Украина, а сега повторно го вклучила во своите услови за завршување на војната.

Според документ од 10 ноември, кој го добил „Њујорк тајмс“ од лице вклучено во преговорите, руските претставници на разговорите со американските пратеници во Абу Даби повторно ги изнеле барањата за нов европски безбедносен поредок. Автентичноста на документот ја потврдило и друго лице запознаено со разговорите.

Со повлекувањето на НАТО до границите од 1997 година би се намалила воената присутност на Алијансата во Полска и балтичките држави – Естонија, Латвија и Литванија, кои се меѓу најранливите членки на НАТО.

Русија бара и Алијансата да се обврзе дека нема понатамошно проширување, како и да ги прекине сите воени активности во Украина и во други делови на Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија.

Во документот се наведени и дополнителни услови: прекин на испораките на западно оружје и воена опрема за Украина, како и ограничување на нејзиното учество во заедничката одбранбена политика на Европската Унија, доколку стане членка на Унијата. Москва бара и Велика Британија и Франција да ја исклучат можноста за користење на нивното нуклеарно оружје за заштита на други европски држави.

Рускиот предлог, според „Њујорк тајмс“, покажува дека претседателот Владимир Путин речиси и да не отстапил од клучните барања што ги постави пред инвазијата врз Украина. Руските претставници, исто така, како модел за повоеното уредување на Европа го посочиле периодот на Студената војна и тогашната поделба на континентот на американска и советска сфера на влијание.

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, според американски функционер, ја повикале руската страна да се сврти кон иднината и да разгледа конкретни чекори за намалување на тензиите. Сепак, по разговорите во Москва, Путин повторил дека предлогот од 2021 година и натаму ја претставува руската визија за европската безбедносна архитектура.

Руските барања предизвикаа реакции и во Европа. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека нивното прифаќање би претставувало директна закана за безбедноста на Полска и на другите европски држави.

И Луксембуршкиот премиер Лук Фриден порача дека за иднината на Европа не може да се преговара без европските држави на преговарачката маса.

„Не можете да разговарате за иднината на Европа без нас“, порача Фриден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Велика Британија воведе нови санкции за руските…

Велика Британија воведе нови санкции против руски…