Објавено на:

Русија започна со градба на првата нуклеарна централа во Египет

t

Руската државна нуклеарна корпорација Росатом денеска ја започна изградбата на нуклеарната централа Ел-Даба во Египет, изјави извршниот директор на руската корпорација Росатом, Алексеј Лихачев на почетокот на работите.

Почнавме изградба на нуклеарна централа во Египет. Почетокот на изградбата на единицата 1 на нуклеарната централа Ел-Даба значи дека Египет влегува во редот на нуклеарно развиените земји. Росатом ќе гради најсовремени дизајнерски блокови VVER-1200 во Арапската Република Египет. Изградбата на нуклеарната централа ќе му овозможи на Египет да достигне ново ниво на развој на технологијата, индустријата и образованието, а тоа е најголема руско-египетска соработка по браната Асуан. Да се има сопствена индустрија за нуклеарна енергија е сон за египетскиот народ повеќе од половина век, а за Росатом е голема чест да го оствари тој сон, рече Лихачев.

Ел-Даба ќе биде првата нуклеарна електрана во Египет и првиот голем проект на Росатом во Африка и ќе се состои од четири единици, секоја со капацитет од 1.200 мегавати.

Ќе биде изградена во истоимениот град во провинцијата Матрух на брегот на Средоземното Море.

Двете земји потпишаа меѓудржавен договор за изградба на првата нуклеарна централа во Египет, во Каиро во ноември 2015 година.

Вкупните трошоци за изградба изнесуваат 30 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…