Објавено на:

Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на ОН за Ормускиот теснец

t

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Ормускиот теснец. За резолуцијата гласаа единаесет членки, две беа против, а две воздржани.

Првичниот предлог, кој го поднесе Бахреин, ги овластуваше земјите да ги користат „сите потребни средства“ за да обезбедат транзит низ Ормускиот теснец и да ги одвратат обидите за негово затворање. Станува збор за формулација на ОН што би вклучувала и воена акција.

Откако на одобрувањето на употребата на сила се спротивставија Русија, Кина и Франција, постојани членки на Советот за безбедност со право на вето, резолуцијата беше изменета така што од неа беа отстранети сите референци на офанзивно дејствување. Во новата верзија ќе се одобруваа само „сите потребни одбранбени средства“. Сепак, Русија и Кина и покрај тоа ставија вето на изменетиот предлог. Пред гласањето, бахреинскиот министер за надворешни работи Абдулаиф бин Рашид Ал Зајани изјави дека резолуцијата не „создава нова реалност“, туку има за цел да обезбеди „сериозен одговор на повтореното непријателско однесување на Иран, однесување кое мора да престане“. „Да бидеме јасни, ако денес не делуваме, тоа ќе има тешки последици за целиот свет и човештвото“, додаде тој. Откако резолуцијата не беше усвоена, Зајани изјави: „Советот не успеа да ја преземе својата одговорност соочен со незаконско однесување кое бара решителна и итна акција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на…

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата…

Георгиева кажа кои земји ќе бидат најпогодени…

Од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) велат дека последиците…

Иран: Заканите на Трамп нема да придонесат…

Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани,…

Иран започна да дели таблети со јод…

Здравствените власти во јужниот пристанишен град Бушер,…

Франција ги осуди заканите на Трамп кон…

Нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои…